2018-03-20 13:26:00

Папата упати Твитер порака до татковците


Драги татковци, нека ви е среќен празникот на свети Јосиф! Следете го неговиот пример кога се грижите за своите деца додека растат во мудроста и милоста – порача папата Фрањо во Твитер пораката, која ја испрати на 19 март 2018 година.

Светиот Отец во 2015 година посвети две катехезеи за ликот на таткото. Така на 28 јануари истакна дека денес некој оди толку далеку што се зборува дека ова наше општество, посебно во западната култура, во многу случаи како да е „општество без татковци“. Во минатото постоела авторитарност на таткото – господар, додека денес ликот на таткото е отсутен, сокриен. Така од една крајност се оди во друга – предупреди тогаш Папата.

Во втората катехеза пак одржана на тема татковство, Папата потсети дека татковците кога ќе се присутни, не значи дека треба да контролираат, бидејќи татковците кои премногу се склони на контрола им штетат на своите деца, не им дозволуваат да растат. Татковците мора да бидат трпеливи – истакна Светиот Отец. Многу пати не може ништо друга да се прави, освен да се чека, да се моли и да се чека со трпеливост, љубезност, великодушност, милосрдие. Добриот татко знае да чека и знае да прости од сѐ срце. Секако, тој исто така знае одлучно и да корегира, не е слаб татко, попуштлив, сентиментален. Таткото кој знае да корегира без понижување, знае и да заштити, не штедејќи се самиот себе (...) Децата треба да најдат татко кој ги чека кога се враќаат откако ќе доживеат неуспех и промашувања. Тие ќе сторат сѐ за да не признаат, да не го покажат тоа, но тоа им е потребно, а ако не го најдат, во срцето им се јавуваат отворени рани, кои тешко зараснуваат.

И на крајот, пред четири години на празникот Свети Јосиф за време на Генералната аудиенција во среда рече: Ве молам татковци да бидете секогаш покрај своите деца, пуштајќи ги да растат, но секогаш да им бидете близу, близу! Тие имаат потреба од вас, потребна им е вашата присутност, вашата близина, вашата љубов. Бидете за нив како свети Јосиф: бидете им чувари додека растат во времето, мудроста и милоста. Чувари на нивниот пат; воспитувајте ги и чекорете со нив. Во таа блзина, ќе бидете вистински воспитувачи. Благодарам за сѐ она што го правите за своите деца: благодарам. Од срце ви го честитам и ви посакувам среќен празник на татковците, на сите татковци кои се тука, на сите татковци. Свети Јосиф нека ве благослови и придружува

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.