Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Нов директор на Ватиканскиот државен протокол

Базиликата Свети Петар - L'Osservatore Romano

23/03/2018 12:03

Папата Фрањо го именува монсињор Џозеф Марфи за директор на Протоколот на Државниот секретаријат при Светиот Престол, кој и досега беше во служба на Државниот секретаријат, а сега го зазема местото на монсињор Бетанкур, кој што беше именуван за Апостолски нунциј во Грузија и Ерменија.

Новиот директор на Ватиканскиот државен протокол е роден во Корк (Ирска) на 16 август 1968 година. По завршувањето на теолошките студии е ракоположен за свештеник на 11 јули 1993 година, а потоа е испратен на служба во Клоин. Во Светиот Престол го започнува своето служење на 1 октомври 1997 година, најпрво во Административниот оддел на Ватиканскиот државен секретаријат, потоа на 15 септември 2006 година е префрлен во одделот за Односи со државите. На 15 јануари 2008 година е именуван за духовник на Асоцијацијата „Свети Петар и Павле“. Зборува ирски, англиски, француски и италијански.

РВ/к.мк

23/03/2018 12:03