Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Документи

Папата изрази сочувство по повод атентатот во Франција

Луѓе ставаат цвеќе пред полициската станица во Каркасон - AP

27/03/2018 14:40

Примајќи ја веста за трагичните атентати сторени во Франција во Каркасоне и Требес, папата Фрањо во пораката која ја испрати до епископот Ален Планет изрази жалост доверувајќи ги на Божјото милосрдие сите кои го загубија животот, соединувајќи се во жалоста на нивните драги.

Посебно спомнува на херојскиот чин на полицискиот службеник Арнод Белтран кој го даде животот за да заштити други човечки животи.

Ја изразувам својата солидарност на ранетите и на нивните семејства, како и со сите кои се погодени од таа трагедија, барајќи од Господ да им подари утеха – напиша Папата. Повторно ги осудувам таквите дела на насилство кои се причината за големо страдање, и силно молам од Бог за дарот на мир, а на ожалостените семејства и на сите Французи повикувам Божји благослов – стои во пораката на Папата.

РВ/к.мк

27/03/2018 14:40