2018-03-27 14:45:00

Штип: Духовна обнова за свештеници


Во понеделник 26 март 2018 година во просториите на парохијата на „Свето Благовештение“ во Штип се одржа духовна обнова за свештеници. На неа присуствуваше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија и свештеници од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат.

На средбата духовно предавање одржа о. Оливер Тантушев на тема: Марија, Мајка на Црквата, при што најпрво даде краток историски осврт за развојот на овој наслов на Богородица, а потоа стана збор и за празникот Марија Мајка на Црквата кој неодамна го прогласи папата Фрањо. Потоа се разви плодна дискусија поврзана со темата.

Духовната обнова продолжи со света Исповедв и света Литургија, која јап предводеше бискупот Стојанова, а заврши со заедништво.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.