Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Говори - Хомилии

Папата до новите свештеници: Бидете милосрдни

Папата Фрањо ракоположи 16 нови свештеници - REUTERS

23/04/2018 13:47

Папата Фрањо на 4. Пасхална недела, позната и под името Недела на Добриот Пастир, 22 април 2018 година, во базиликата Свети Петар за време на евхаристиското славење ракоположи 16 нови свештеници, кои доаѓаат од четири континенти. Светиот Отец во пригодната проповед напомена дека целиот Божји народ е „свештенички народ“, но од него Христос одбира некои свои ученици за да го следат во свештеничката служба за добро на сите луѓе, продолжувајќи го неговото лично послание на учител, свештеник и пастир.

Обраќајки се директно до кандидатите за свештеници, Папата им рече да го навестуваат Словото Божјо, кое самите радосно го примиле. Читајте и ревно размислувајте за Господовото Слово како би верувале во она што сте го прочитале, за да го поучувате она што верувате и да го живеете она што го поучувате – поттикна Светиот Отец.

Со крштението додавате нови верници кон Божјиот народ – продолжи Папата опишувајќи го нивното идно свештеничко послание. Преку светата Тајна Исповед во името Христово и неговата Црква на луѓето ќе им ги отпуштате гревовивте. При тоа Папата ги поттикна никогаш да не се изморат да бидат милосрдни. Мислете на своите гревови, своите јадови, кои Исус ги простува – рече Светиот Отец и повторно поттикна: Бидете милосрдни! Тој исто така ги потсети дека преку светата Тајна Елеопомазание на болните ќе носите олеснување, а во Евхаристијата го слават Бог и во часословот го молат за целиот Божји народ и целокупното човештво.

Бидете свесни дека сте избрани меѓу луѓето и сте поставени за нивно добро вршејќи ги Божјите работи. Поради тоа, вршете ја Христовата свештеничка служба со радост и вистинска љубов – истакна папата Фрањо и додаде: Би требало да се грижите за тоа како да му се допаднете на Бог, а не на самите себе или на другите луѓе. Служете единствено на Бог за добро на светиот верен народ Божји.

Папата на крајот ги поттикна свештеничките кандидати во соработка со своите бискупи постојано да се залагаат верниците да бидат обединети во едно семејство и со Христос преку Светиот Дух да ги доведеме до Бог Отецот. При тоа пред очи треба постојано да го имаме примерот на Добриот Пастир кој не дојде да му се служи, туку да служи и да го најде и спаси она што е загубено

РВ/к.мк

23/04/2018 13:47