2018-04-23 14:09:00

Средба на млади во Гевгелија


Во неделата на Мироносиците, 22 април 2018 година во Центарот „Мајка Тереза“ во Гевгелија се одржа средба на млади од Апостолскиот егзархат во Македонија, на која присуствуваа претставници од сите парохии.

На средбата покрај размената на информации за достигнатите цели од претходната средба, младите работеа во групи, во кои имаше и теми поврзани со лицата за посебни потреби. Исто така договорени се конкретни активности за периодот кој следува.

Оваа средба е продолжение на викенд семинарот кој се одржа во Скопје од 8 до 10 декември 2017 година.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.