2018-04-24 12:49:00

Започна 23. седница на Кардиналскиот совет


Од 23 април 2018 година, во присуство на папата Фрањо во Ватикан започна работата на 24. заседание на Кардиналскиот совет, соопшти ватиканскиот прес-центар. Работата на Советот ќе трае до 25 април.

Потсетуваме дека Кардиналскиот совет е формиран од папата Фрањо на 28 септември 2013, за да му помага на Папата во управувањето со Црква и за изготвување на проект за реформи во Римската Курија.

Советот се состои од кардиналите Џузепе Берт - претседател на Гувернаторството на Ватикан; Франсиско Ксавиер Еразурис Оса - почесен архиепископ на Сантијаго де Чиле, Чиле; Освалд Грасијас - архиепископ на Бомбај, Индија; Рајнхард Маркс - Архиепископ на Минхен и Фрајзинг, Германија; Лорен Пасилија - архиепископ на Киншаса, Демократска Република Конго; Шон Патрик О'Мале - Архиепископ во Бостон, САД; Џорџ Пел - Архиепископ во Сиднеј, Австралија; Оскар Родригез Марадијага - архиепископ на Тегусигалпа, и Марчело Семераро - епископ на Албано, Италија, кој извршува функцијата на секретар.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.