Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:
Радио Ватикан

Почетна страница / ВАТИКАН / Настани

Кард. Паролин му честита на новиот американски претседател


Доналд Трамп е избран за 45. по ред претседател на Соединетите Американски Држави. По тој повод Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин даде изјава за медиумите.

Тој истакна дека ја почитува волјата на американскиот народ и му честиташе на новиот претседател со надеж дека „неговата служба ќе донесе многу плодови.“ Кардиналот вети дека ќе се моли „Господ да го прослветли и поддржува“ господин Трамп во неговата служба за САД како и во службата за мир и благосостојба во светот. Папскиот државен секретар заклучи дека е „важно сите заедно да соработуваат за да се промени светот кој е исполнет со голем број големи потешкотии и конфликти.

РВ/к.мк