Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:
Радио Ватикан

Почетна страница / ЦРКВА / Во Македонија

Радово: Средба на млади од Апостолскиот егзархат


Во сабота 11 март 2017 година во парохијата „Свети Пророк Илија“ се одржа средба на млади од Апостолскиот егзархат во Македонија. Средбата ја отвори деканот на Денатот „Свети Кирил и Методиј“ при Апостолскиот егзархат о. д-р Зоран И. Стојанов, кој по воведниот дел го повика Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов да им се обрати на младите.

Поздравувајќи ги младите и искажувајќи голема радост за бројното присуство, епископот Стојанов одржа катехеза за младите. Во неа тој зборуваше за христијанскиот повик при што истакна дека најдобар повик е „сопствениот повик“.

Потоа парохиите од Радово, Струмица – катедрала, Нова Маала, Струмица – Свети Иван Крстител и Петралинци се претставија со кратка програма поврзана со молитвата.

Средбата продолжи во парохиската сала во заедништво и дружење.

к.мк