Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:
Радио Ватикан

Почетна страница / ПАПА / Генерална аудиенција

Ватикан: Папата се сретна со поранешна робинка на ИД


Поранешната робинка на т.н. „Исламска држава“ на маргините од Генералната аудиенција во среда 3 мај 2017 година се сретна со папата Фрањо и накратко раскажа за својот живот. Ова го јавува ватиканскиот весник Осерваторе Романо, кој објави и слика од средбата. Језидката Надија Мурад Басе, со месеци беше во заробеништво од Исламска држава во Мосул, која три пати беше продавана како робинка. Пред да успее да избега од теророт, младата дама искуси „секакава форма на насилство“, пишува ватиканскиот весник.

Во 2014 година, кога имала 20 години, таа со уште две сестри е киднапирана од едно село во Северен Ирак. Претходно морала да гледа како умира нејзината мајка и нејзините шест браќа и сестри. Денес таа е амбасадор на Обединетите Нации во борбата против трговијата со луѓе.

РВ/к.мк