Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:
Радио Ватикан

Почетна страница / ЦРКВА / Во Македонија

Епископот Стојанов служеше архиерејска Литургија во Чанаклија


Филијалната црква „Свети великомаченик Георги“ – Чанаклија својот патрон празник го прослави со света архиерејска Литругија предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Во својата проповед епископот Стојанов, зборувајќи за крепостите на свети Георги, како и неговото мачеништво истакна дека тој бил подготвен земскиот живот да го замени со небесен и го постави прашањето: Дали ние сме подготвени земскиот живот да го замениме со небесниот?

На крајот од Литургијата парохот о. Спасо Ристов заблагодари на епископот Стојанов за неговото присуство и духовното Слово, како и на сите кои допринесоа во организирањето на свеченоста, а потоа во дворот на црквата беше организирано агапе од верниците.

к.мк