Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:
Радио Ватикан

Почетна страница / ПАПА / Активности

Папата го прифати повлекувањето на патријархот Григориј III


Папата Фрањо го прифати повлекувањето на Григориј III, Лахам патријарх на Антиохија, Александрија и Ерусалим од Источно католичката мелхитска црква. Според канонското право, до изборот на нов патријарх должноста ќе биде преземена од монс. Жан-Клема Жанбар, архиепископ на Источно католичката мелхитска црква во Алепо, кој е најстариот епископ во постојаниот Синод.

Во писмото до патријархот Григориј III Лахам, Светиот Отец го нарекува „упорен работник за Божјиот народ", оддавајќи му признание за неговото големо залагање за мир во Сирија, која сега за жал е опустошена од војната. Папата го завршува писмото упатено и до сите епископи на Источно католичката мелхитска црква, давајќи го својот апостолски благослов, како знак на благодат и охрабрување за идното заедништво во сведоштвото за Христос .

Патријархот Григориј III, Лахам е роден пред 85 години во сирискиот град Дара, во архиепископијата на главниот град Дамаск. За време на војната во Сирија, Григориј III, Лахам со сите сили се залагаше за мир и помирување во својата родна земја.

РВ/к.мк